За проектот


Проектот „Популаризација и промоција на саат кулите во Северна Македонија“ претставува клучен чекор во промоцијата и зачувувањето на културните ресурси на Република Северна Македонија.

Во рамките на овој проект, фокусот е ставен на дигитализација на дванаесет саат кули низ земјата, поделени во три категории: зачувани оригинални саат кули, адаптирани стражарски кули, и саат кули камбанарии.

Како дел од проектот, изработени се 360° виртуелни прошетки, кои ќе овозможат посетителите виртуелно да ги истражуваат овие значајни културни објекти. Дополнително, креирани се 30 фотографии од земја и воздух, кои се вклучени во електронска промотивна брошура.

Проектот  е финансиран од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата од областа на недвижното културно наследство за 2024 година.

Scroll to Top