
Саат кула – Штип
Саат-кулата во Штип претставува заштитен споменик на културата. Била изградена како кула-стражарница, односно како станбено-одбранбена кула, која подоцна била адаптирана во саат-кула
Меѓу граѓаните на градот Штип, кулата е позната како Бегова кула.
Била подигната како беговска одбранбена станбена кула во XVII век, а подоцна била пренамената во саат-кула. Според ракопис на еден од одржувачите на саат-кулата, потекнува од 1650 година.