
Саат кула – Гостивар
Саат-кулата во Гостивар е еден од најзнаменитите и препознатливи градби во градот. Таа е еден од трите културно-историски споменици во Гостивар и се наоѓа и на општинските грб и знаме.
Изградена е во 1728/29 година од Исмаил-ага, син на Хаџи Јусуф-ага. Годината на градбата и името на градителот се запишани на османлиско-турски јазик на камена плоча што се наоѓа над влезната врата.
Во јануари 2017 година, биле пуштени во употреба четири нови часовници на врвот на кулата.