
Саат кула – Крушево
Во рамките на црквата „Свети Никола“ се наоѓа саат-кулата камбанарија којашто е обновена во 1904 година. Оваа саат кула има две функции. Имено, добрата локација на црквата и близината на чаршијата – епицентарот на трговијата и на занаетчиството, довела до адаптирање на камбанаријата и како саат-кула. Таа е редок архитектонски примерок на градот Крушево. Поставеноста на часовникот на највисоката кула овозможува видливост од секоја страна од градот.