
Саат кула – Охрид
Саат-кулата во Охрид висока е 12 метри и изградена е од скадарецот Чавуш Дере Сулејман-ага во 1726 година.
Саат-кулата е вгнездена во зеленилото на Бајрот. Кулата се наоѓа во источниот дел на Самоиловата тврдина, во месноста Дебој, Месокастро.
Часовникот е поставена на камена кула, кој е сместена во дрвениот крај на кулата. Во внатрешниот дел на кулата се наоѓа натпис на кој е забележано името на нејзиниот градител, Чавуш Дере Сулејман-ага.
Самиот часовник во самата саат-кула бил наместен по муслиманско мерење на времето и така останал до Втората светска војна, кога стариот механизам бил заменет со нов, кој го покажувал времето по новите европски стандарди. По овој период, часовникот долго време не работел, а обновата на саат-кулата била извршена во 1979 годин.
Извор https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%B0_(%D0%9E%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4)