Саат кула -Велес



Година: 1873

Велес има повеќе значајни историски и културни знаменитости меѓу кои најстар е објектот саат кула, што се наоѓа во центарот на градот. Саат кулата е висока триесет метри. Турците ја изградиле во 17 век како стражарница или пушкарница. Од неа турските војници, стражарејќи, надгледувале се што се случувало во тогашните седум градски маала, дали христијаните се „мирни“ или пак подготвуваат некакво „изненадување“ против Империјата.

Од саат кулата Турците постојано го надгледувале движењето на граѓаните преку Мало мовче, на градското пазариште и со изградбата, во 1873 година, се контролирал сообраќајот на железничката пруга Велес-Солун.

Во тоа време, кулата, се гледала од сите делови на градот.

А кога ја завршила воената улога, пред околу 3,5 века, непознат турски саатчија на кулата поставил саатчиски механизам кој функционира до денешен ден. Штом го поставил механизмот кулата била преименувана во Грасски саат а механизмот секоја ноќ, на полноќ, морало да се „курдисува“ и повремено да се подмачкува.

Саат кулата има двеста скалила, до плоштатката, под самиот нејзин врв, каде што се наоѓаат три механизми. Првиот го мери времето, вториот е за отчукување на часовите и третиот механизам е за поврзување со камбаната.

Тогашните жители на Велес немале часовници во своите домови, се до 20 век, до кога единствено Градскиот саат за сите нив го мерел времето. Камбаната била излеана 1735 година и по сто години била заменета со полесна.

Освен што го има почесното место на листата на значајни историски и културни знаменитости на Велес Градскиот саат е ставен и на амблемот на градот. Објектот во 1975 година, по одлука на претседателот на општината Стево Ќулумов беше реновиран и продолжи неуморно да го мери времето.

Извор https://marh.mk/saat-kula-veles-1873/ 

Scroll to Top